четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Четвртоодделенци учеа за локалната самоуправа од градоначалникот Муцунски

Четвртоодделенци учеа за локалната самоуправа од градоначалникот Муцунски

Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски, во својот кабинет ги прими четвртоодделенците од основното училиште „Љубен Лапе“.

-Учениците заинтересирани околу тоа какви надлежности има Општината и како функционира локалната самоуправа, го прашуваа градоначалникот како се решаваат конкретни проблеми како што се бездомните кучиња, игралиштата за деца, хигиената и парковите.

Не постои подобар начин да се научи како функционира локалната самоуправа и која е нејзината важност преку непосредна средба и изворно од првиот човек на Општината, информираат од Општината.