сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Дали опозицијата може да го добие Скопје со независен кандидат?

Дали опозицијата може да го добие Скопје со независен кандидат?

Во трката за градоначалник на Скопје, три кандидати се истакнуваат како независни, а зад еден од нив застана опозицијата. Зад кандидатурата на претседателката на Сојузот на стопански комори, Данела Арсовска со своја поддршка застана ВМРО ДПМНЕ.

Навраќајќи се наназад, се покажало дека опозицијата успешно избирала кој независен кандидат ќе го поддржи. И тоа досега се потврдило дури два пати, со успешен избор и градоначалнички мандат. Ристо Пенов, првиот мандат беше поддржан од ВМРО ДПМНЕ и потоа исто и Трифун Костовски. Двата градоначалнички мандати биле добиени со поддршка дадена од ВМРО ДПМНЕ, што во тој период беше во опозиција.

Додека позицијата оди со кандидатура на актуелниот градоначалник, овој пат опозицијата за градоначалник на Скопје својата поддршка уште еднаш ја дава за независниот кандидат Данела Арсовска.

Може ли опозицијата и овој пат да го добие Скопје со независен кандидат. Дали кандидатурата на Арсовска, нејзината личност и искуството што го носи, професионално и индивидуално што ја привлече опозициската партија, ќе ја препознаат и скопјани.

Досега се покажало и тоа дека независните кандидати во Скопје ја добивале својата шанса да се покажат и скопските гласачи знаат да одвојат личност од партија, програма од идеологија, пишува 24инфо.

Арсовска доаѓа од приватниот сектор. Дел од Сојузот на стопански комори на Македонија е од 2005 година, а го води како претседател од 2014 година. Од оваа позиција делува застапувајќи повеќе од 24 илјади мали и средни претпријатија, што е скоро 99 проценти од активните македонски компании и се столбот на економијата во земјава, каде се креираат работни места за повеќе од 80% од вработените лица во приватниот сектор. Во портфолиото активности како претседател на комората, Арсовска успеа Сојузот да го промовира во партнер во разговорите со Владата, поставувајќи нови стандарди во креирањето политики и мерки, како и во преговорите. Од таа позиција преку таргетирана програма ги вади на површина овие некако заборавени во системот компании, така што се изборија за пакет мерки за компаниите во најтешкиот и најкризниот период. Не е дел од ни една партија, а ВМРО ДПМНЕ се изјасни дека својата поддршка ќе ја даде за Арсовска. Инаку таа е по професија е правник, а по вокација економист, со дополнително образование на два странски универзитетот Шефилд и Оксфорд и уште ја прати имиџ на непоправлив борец.

Покрај Арсовска, за градоначалничката позиција во Скопје се борат уште два независни кандидати, Петровска со иницијата “Зелен хуман град” и Георгиевски со поддршка од Левица.