среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

„Дали уништувањето на овој парк ќе му донесе на Наумовски повисока вредност на семејниот имот во Ѓорче Петров“?

„Дали уништувањето на овој парк ќе му донесе на Наумовски повисока вредност на семејниот имот во Ѓорче Петров“?

Наумовски очигледно ги заборави предизборните ветувања, реагираат од Комисија за инфраструктура, урбанизам и транспорт на ВМРО-ДПМНЕ.

Нивниот статус на Фејсбук ви го пренесуваме во продолжение: 

ОД ПАРКОТ НЕМА ДА СЕ ОДЗЕМЕ НИТУ МИЛИМЕТАР ЗЕЛЕНА ПОВРШИНА, ОДГОВОРНО ТВРДИМЕ – на 16.04.2019та изјави градоначалникот на Ѓорче Петров Александар Наумовски.

„Зборот е збор” според толкување на СДСМ изгледа вака:

Денес во единствениот парк во Ѓорче Петров е донесена градежна механизација која веќе го раскопува паркот.

Истиот парк за кој советниците на ВМРО – ДПМНЕ со месеци предупредуваат дека градоначалникот на Ѓорче Петров има намери да го претвори во асфалт, бетон и згради.

Истиот парк каде градоначалникот Александар Наумовски има личен имот и имот на неговото најтесно семејство.

Дали уништувањето на овој парк ќе му донесе на Наумовски повисока вредност на семејниот имот, за кој веќе сам на себе си донесе ДУП за во иднина да може да има зграда ?

Дали е вистина дека за денешниве градежни активности воопшто не постои ДУП ? Дали во актуелниот ДУП на оваа локација сеуште стои зеленило ?

За потсетување, општина Ѓорче Петров е една од урбаните општини со најмал процент на изведена атмосферска канализација, и наместо да гради атмосферска канализација низ општината градоначалникот Наумовски со општински средства ја уништува зелената површина во Ѓорче Петров.

Наумовски очигледно ги заборави предизборните ветувања.

Интересот за граѓаните на општина Ѓорче Петров се претвори во интерес за најтесното семејство.

Оставката е неминовна.