вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Данела Арсовска доби нокаут од довчерашниот поддржувач

Данела Арсовска доби нокаут од довчерашниот поддржувач

Новинарот Фуркан Салиу жестоко ја нападна градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска која во изминатите денови е главниот лик во сапуницата од скандали.

„Зар стварно Данела мисли дека скопјани се глупи и дека 4 години ќе поминат со оправдувања… Овие барања не се од вчера, оваа криза и овој долг не е од вчера, а Данела гласно нудеше решение за време на кампањата”.

Според новинарот, со тврдоглавост не се менаџира една маалска задруга, а не па главниот град.

-Кога ќе престане со тврдоглавоста Данела? Па едноставно, “кога удри со глава во ѕид”, заклучува Салиу.