Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска на денешната седница на Советот на Град Скопје со недостоен речник кон советниците. Арсовска денеска советниците избрани од граѓаните ги нарече уличари.
„Ве молам бидете воспитана и културна не може во секој збор да дофрлате, ако сте уличарка ние не мораме да ве трпиме“, и рече Арсовска на советничка.
Арсовска во недостаток на реализирани проекти на денешната седница почна да ги навредува советниците. Таа наместо информации за проекти и до каде е нивната реализација таа погрдно ги нарекуваше советниците, меѓу другото вината ја префрла на сите останати, но таа не презема никаква одговорност за неработењето.
Советничката од ВМРО-ДПМНЕ, Марија Андовска повика да се задржи нивото на дебата и да нема навреди.
„Не прилега вакво однесување, потребни се одговори. Темата не одговара и затоа следат лични навреди и напади. Но, треба достоинствено да дебатираме“, рече Андоновска.
Арсовска без одговор и за финансиската состојба на Градот. Во врска со оваа тема денес ВМРО-ДПМНЕ јасно укажа дека одговорот треба да го даде токму Арсовска и СДСМ.
„Би ги повикале СДС ова прашање да го постават на една од многу средби на Данела Арсовска која ги има во просториите на Владата, или пак пред седниците на Совет кога здружно СДС, Левица, ДУИ и ГРОМ ги гласаат финансиските програми на Данела Арсовска“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.