Дали сите субјекти што користат мазут се и загадувачи? Дали тоа значи дека сите треба да сносат санкции? Барем, според она што е објавено во Јавни набавки на е-набавки.гов.мк, испаѓа дека државни установи и јавни претпријатија се загадувачи на животната средина. Нормално, за да се користи мазутот влијаат многу параметри, така што паушално не може да се каже дека се загадувачи, како што тоа не треба да се прави и со други правни субјекти за нечии лични хирови.
Минатата година на 30 ноември ЈСП Скопје набавило мазут (М1 ХЦ) во вредност од 105.528 евра. Исто така и ЈЗУ Универзитетска клиника за физикална медицина и рехабилитација Скопје набавиле мазут. И Заводот за рехабилитација набавил мазут.
Мазут набавил и Студенсткиот дом Кочо Рацин од Битола.
Дали Град Скопје предводена од градоначалничката Данела Арсовска смета дека и овие субјекти се загадувачи? И дали кај нив се направени проверки? Од друга страна, испаѓа дека Арсовска набавува мазут, односно директорите поставени од нејзе. Дали таа ќе поденесе тужба на Данеча Аровска?
Секако, овој енергенс дека е неопходен во моментов за нивното функционирање во време на енергетска криза. Тогаш, зошто едни се кабает а други не?
Ќе потсетиме дека Државниот инспекторат за животна средина му наложи на „УСЈЕ“ дека мора за пет дена да почне да се грее на гас наместо со мазут, бидејќи резултатите од мерењата покажувале дека оџакот од котларата за парно греење која користела мазут на УСЈЕ испуштала многу повеќе азотни оксиди и изнесува 711,9 mg/Nm3.
Арсовска, пак, вчера на прес-конференција свикана за аерозагадувњето во градот тврдеше дека цементарницата Титан Усје била еден од причинителите за енормните загадувања на метрополата, потпирајќи се на фактите од анализите кои ги имале направено.
Од компанијата велат дека тие ангажираат независни релевантни лаболатории кои редовно вршат мерења кои потвдувале дека емисиите се и под дозволените граници согласно законските одредби.
Цементарница УСЈЕ не влијае врз зголемување на присуството на PM10 честички во воздухот. Работењето на компанијата постојано е следено од страна на Државниот инспекторат за животна средина. Производството запира доколку филтрите не работат. Емисиите од работата на Цементарница УСЈЕ постојано се под граничните вредности определени со Закон. – Цементарница Титан Усје.
Денес Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) соопшти дека цементарницата „Усје“ ги исполнила задолженијата што и ги постави во врска со емисијата на штетни гасови од двата котли за греење во цементарницата.
Како што се наведува во соопштението на Инспекторатот објавено на Фејсбук, цементарницата „Усје“ почнала со користење природен гас (наместо мазут н.з.) како гориво во двата котли за парно греење со моќност од 4,2 мегавати во котларата за загревање на фабриката.
Согласно А-интегрираната еколошка дозвола што ја има добиено, фабриката извела соодветен приклучок за мерење на емисиите на штетни гасови со акредитирана метода и почнала со мерење на емисијата на гасови од оџакот на парниот котел со акредитирана лабораторија за животна средина.
Од ДИЖС информираат оти утврдиле дека една од двете печки, конкретно печката број 4 во саботата престанала со редовна работа и ќе биде на ремонт, кој ќе трае 45 дена, а потоа ремонт кој ќе трае исто така 45 ќе се прави и на печката број 3.
За ова, како што се наведува, Државниот инспекторат бил писмено известен.
Претходно, по спроведените мерења на емисија на гасови во Цементарницата „Титан – Усје“ во Кисела Вода , кои покажаа трипати поголеми количини на гасови од дозволеното, ДИЖС на 12 јануари ѝ определи задолженија на фабриката што треба да ги исполни во рок од пет дена поради утврдените недостатоци.
Со законот за заштита на животна средина кој предвидува воведување на регистар за загадувачи и контрола на издадените интегрираните дозволи досега се регистрирани само 30 правни лица а според податоците на градот листата треба да се прошири со уште најмалку 1000 други правни субјекти кои би морале и треба да побараат А или Б интегрирана еколошка дозвола и да вршат соодветна контрола на емисијата на штетни гасови во воздухот.