вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Дедомразовци и годинава ќе трчаат во Скопје, заинтересираните треба да се пријават

Дедомразовци и годинава ќе трчаат во Скопје, заинтересираните треба да се пријават

Традиционална Дедомразовска трка во која стотици учесници во дедомразовски костуми ќе трчаат во центарот на Скопје ќе се одржи на 22 декември, соопшти организаторот на трката Александар Георгиевски.

Трката, наведува во соопштението, покрај натпреварувачки, има и забавен карактер па во неа се добредојдени да се пријават учесници од сите старосни групи. Должината на патеката е два километра и можат да ја истрчаат и деца во придружба на родители. Пријавувањето се одвива преку веб страницата www.prvdovrv.mk.

Стартот и финишот на трката се на плоштадот „Македонија“, а ќе се трча кон Порта„ Македонија“, парк „Жена Борец“, Холидеј Ин, мостот кај МНР, покрај Вардар кон Камениот мост и преку мостот до целта.

-Учеството во трката чини 300 денари, а за првите 200 пријавени следува целосен дедомразовски костум, составен од палто, панталони, капа, ремен и брада, соопшти организаторот. (МИА)