четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Дефект на топловодна мрежа на улица „Васил Главинов“ предизвика излевање на вода на тротоарот

Дефект на топловодна мрежа на улица „Васил Главинов“ предизвика излевање на вода на тротоарот

Дефект на топловодната мрежа предизвика излевање на топла вода на тротоарот и дел од коловозот на ул. „Васил Главинов“, број 3. Заради санација на дефектот беше направен ископ кој опфати дел од тротоарот, информираат од БЕГ.

Екипите на Дистрибуција со топлина Балкан Енерџи се на терен и забрзано работат на санација на дефектот.

Според проценката, санацијата на дефектот ќе се изврши во најкраток рок по што нормална испорака на топлинска енергија, согласно режимот на испорака, ќе добијат следниве објекти:

  • Ул. Максим Горки, бр. 14, бр. 8А
  • Бул. Партизански одреди, бр. 5, бр. 7, бр. 9
  • Ул. 27ми Март, бр. 10, бр. 14
  • Ул. Орце Николов, бр. 0007, бр. 29
  • Ул. Наум Наумовски Борче, бр. 0008
  • Ул. Васил Главинов, бр. 3

Напоменуваат дека топлиноносителот кој се излеа на улицата е деминерализирана вода без хемиски додатоци.

За дополнителни информации потрошувачите можат да се обратат во Центарот за грижа на потрошувачи на тел: (02) 3076 200.