среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Дел од Драчево поплавено, жителите не можат да излезат од своите домови, Кисела Вода како да нема градоначалник (ФОТО)

Дел од Драчево поплавено, жителите не можат да излезат од своите домови, Кисела Вода како да нема градоначалник (ФОТО)

Дел од жителите на Драчево не можат да излезат од своите домови поради поплавени улици како последица на врнежите кои во текот на ноќта ја зафатија државата. Најкритична е состојбата на улицата Речиште.

-Село и Населба Драчево во моментов.  Нашите сограѓани не можат да излезат од своите домови. Лагите и неспособноста на СДСМ излегуваат на површина. Полека но сигурно стануваме најзабаталена општина во Македонија, напиша на својот ФБ профил членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски.