Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје, ги известува граѓаните дека, на ден 23.05.2023 година (вторник):
Поради изведување на водоводен приклучок на водоводна мрежа на ул. Мите Богоевски, од 09:00 часот до завршување со работните активности, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од улиците: Мите Богоевски и Жорж Бизе.
Овие улици се во населба Лисиче, општина Аеродром.