Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради промена на два затворача (шибери) на водоводна мрежа со пречник од Ф 500мм. на улица „Киро Глигоров“ крстосница со ул. „Перо Наков“, од 08:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат дел од корисниците од нас. Керамидница, дел од улица „Киро Глигоров“, (од крстосницата со Перо Наков до мостот Близнаци) и дел од улицата „Перо Наков“ во околината на Металски Завод Тито.
За време на прекинот обезбедена е и цистерна со питка вода која ќе биде стационирана на паркингот кај Бриколаж.
Овој дел од Скопје е во општина Гази Баба.