сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Делегација од Кина на средба со градоначалникот на Гази Баба

Делегација од Кина на средба со градоначалникот на Гази Баба

Денес во посета на општина Гази Баба беше делегација на провиненцијата Јунан од Народна Република Кина.

На средбата со делегација на провиненцијата Јунан од Народна Република Кина со која беше и Амбасадорот на Кина во Република Македонија Н.Е. Жанг Зуо оствари средба градоначалникот Бобан Стефковски и претседателката на Советот Дијана Илиевска.

За средбата градоначалникот Стефковски информираше на својата официјална страна на фејсбук на која напиша:

Денес во посета на општина Гази Баба беше делегација на провиненцијата Јунан од Народна Република Кина заедно со Амбасадорот на Кина во Република Македонија Н.Е. Жанг Зуо.

На средбата разговаравме за воспоставување на заедничка соработка во различни области.

Како локална самоуправа ги преставивме инвестициските капацитети со кои располагаме, кои во иднина би можеле да бидат предмет на заедничка соработка со цел привлекување на нови инвестиции.

Нашата цел е привлекување на нови инвестиции на урбанизираната локација за индустриска зона на територија на општина Гази Баба, а со цел отворање на нови работни места и развивање на економијата,  напиша Стефковски.