четврток, 7. март 2024. Вести денес: 0
home Скопје

Делови од повеќе скопски населби утре ќе останат без струја, а еве кој дел од Скопје ќе снема вода

Делови од повеќе скопски населби утре ќе останат без струја, а еве кој дел од Скопје ќе снема вода

Регионалниот центар за управување со кризи Скопје,  врз основа на добиените информации од ЕВН Македонија и ЈП Водовод и канализцаија, ги известува граѓаните дека:

Од ЕВН Македонија добиено е известување дека на ден 15.03.2023 година (среда) поради планирани прекини на електрична енергија, без струја ќе останат  следните корисници:

– Во период од 10:00 до 13:00 дел од село Кондово, дел од село Кучково (викендици), село Грачани, Караула Чашка о. Сарај;

– Од 09:00 до 11:00 објекти од с.Кучково кон Крстот о Ѓ. Петров;

– Од 09:00 до 12:00  дел од ул.Владимир Полежиновски о. Центар;

– Од 09:30ч до 13:00 дел од ул Милан Марковиќ и потрошувачите околу објект бр.21б. о Карпош и

– Од 09:00 до 11:00 дел од ул.Ганчо Хаџипанзов, дел од ул.Капештец, дел од ул.Димитар Пандилов, дел од ул.Питу Гули о. Центар

Од ЈП Водовод и канализација добивме известување дека на ден 15.03.2023 година (sреда),  прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул.Букурешка, дел од ул.Париска и дел од ул.Прашка (о. Карпош) од 09:00 часот до завршување со интервенцијата.