Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, ги известува граѓаните дека:
Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија ќе останат следните корисници:
на ден 06.09.2021 година (понеделник):
од 10:00 до 14:00 часот, корисниците од улиците: Њуделхиска , Дрезденска и Бахар Моис. ( Општина Карпош )
на ден 07.09.2021 година (вторник):
од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од ул. Кичевска и дел од ул. Манчу Матак. ( Општина Ѓорче Петров )
од 09:20 до 13:30 часот, корисниците од дел од ул. Девол и дел од ул. Жданец. ( Општина Карпош )
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, ги известува граѓаните дека:
на ден 06.09.2021 година (понеделник):
Поради изведување приклучок на водоводна мрежа со пречник од Ф 80 мм, на ул. Џумајска бр. 2, .од 09:00 часот до завршување со активностите, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица и тоа парните броеви од бр. 2 до бр. 30. ( Општина Карпош )