Без вода денеска од 9 до 18 часот ќе бидат жителите од населбата Сопиште. Можни се прекини во водоснабдувањето и во населените места Ракотинци и Добри Дол.
Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекините се поради технички зафат во резервоарот во Сопиште.
Поради дефект на улица „7“ без број во Батинци, денеска прекин во водоснабдувањето ќе имаат корисниците од ова населено место. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Без вода денеска од 9 часот ќе бидат и дел од жителите од општина Карпош. Прекинот е поради дефект на улица „Никола Парапунов“ 27. Водоснабдувањето ќе биде прекинато се додека не се санира дефектот.