Попладнево во близина на Градскиот парк во Скопје избувна голем пожар кој почна неконтролирано да се шири.
Командантот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, Владимир Симоновски во изјава за медиуми истакна дека на терен интервенирале 6 возила и 20 пожарникари.
Како што вели тој, од брзината на пожарот бараката изгорела цела.
– Напуштена барака, причинители не можеме да утврдиме затоа што и сами гледате дека од брзината на пожарот, бараката изгоре цела. Можеме да кажеме дека може да е од причинителот, бездомници коишто можеби живеат внатре или причинител старата инсталација која е напуштена, ако дошло до искри, да дојде до палење, истакна Симоновски.