петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Дете исчезнало од градинка, го нашле низ Автокоманда?

Дете исчезнало од градинка, го нашле низ Автокоманда?

ОТВОРЕНО ПИСМО ДО ЈАВНОСТА ОД РОДИТЕЛИ НА ДЕЦА ОД ДЕТСКАТА ГРАДИНКА ДЕТСКА РАДОСТ

Со огромна загиженост го испраќаме ова отворено писмо до јавноста, а од неговата содржина уверени сме дека и Вие ќе бидете загрижени.

Имено на ден 20.06.2023 година во објектот Темјанушка при детската градинка Детска радост во Автокоманда едно дете од втората јаслена група поради неажурност и негрижа на вработената го напуштило објектот на градинката и по потрага по некое време истото било пронајдено.

Вработената во градинката Р.П. од чија група детето избегало од страна на директорката Анета Петровска добила единствено усна опомена како мерка.

Мајката на детето која е самохрана мајка е под притисок да не го објави случајот во јавноста и на истата и е понудено да плаќа помал месечен надоместок, а како дополнителна мерка детето е префрлено во друг клон на градинката.

Почитувани новинари,

Она на што предупредувавме во минатото за жал станува реалност. Доведена е во прашање безбедноста на нашите деца кои ја посетуваат градинката Детска радост.

Вчера оддржавме состанок на кој присуствуваа родители на 116 дечиња кои посетуваат градинка и од истиот произлегоа следните заклучоци:

1.Бараме Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска под чија надлежност е сега градинката Детска радост, ВЕДНАШ и без одлагање да ја РАЗРЕШИ директорката Анета Петровска.

2.Бараме отпочнување на дисциплинска постапка за утврдување на одговорност на вработената во градинката Р.П. од чија група детето успеално да излезе надвор од објектот на градинката за време на престојот во неа.

Почитувани новинари,

Како родители апелиравме Министерката Тренчевска да не ги одзема надлежностите на општината, токму од овие причини.

Неможе некој што незнае каде се наоѓа градинката во Автокоманда да се грижи за заштитата на нашите деца подобро од оној кој ние како народ сме го избрале за градоначалник.

Очекуваме и бараме и градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски да даде поддршка на нашите барања и да не се изема поради тоа што нема директна надлежност на градинката.

Чашата е прелеана. Доколку Министерката која во минатото покажа дека е недопирлива и се чувствува моќно поради власта која ја поседува и овој пат остане глува на нашите барања ќе следуваат конкретни мерки и чекори превземени од наша страна.

Апелираме и до премиерот Димитар Ковачевски кој е родител да се стави барем на миг на нашата страна и да помисли какво е нашето чувство кога утрово сме ги оставиле во градинка, а незнаеме како и дали ќе си ги земеме.

СО ПОЧИТ,
РОДИТЕЛИ НА ДЕЦА ОД ДЕТСКАТА ГРАДИНКА ДЕТСКА РАДОСТ

Од МТСП на прашањето на Курир велат дека дознале по допрен глас за исчезнатото дете од ЈОУДГ „Детска Радост“, Општина Гази Баба и дека кај нив нема пристигнато ниту писмен доказ ниту претставка за постапување од страна на инспекциските служби, но притоа ја потврдуваат веста дека ваков немил настан се случил, каде што дете го напуштило објектот и истото било вратено од родител во згрижувачката група.

Во врска со вашето прашање во врска со настанот за кој Министерството за труд и социјална политика дозна по допрен глас за наводно исчезнување на дете од ЈОУДГ „Детска Радост“, Општина Гази Баба, до овој момент не е пристигнат ниту писмен доказ ниту претставка за постапување од страна на инспекциските служби. Во интерес на целосна и точна информација за настанот, Министерството стапи во контакт со директорката на предучилишната установа, при што истата изјави дека веднаш по дознавањето на настанот ги повикала одговорните вработени и раководителката на објектот „Темјанушка“ при што било изјавено дека детето било излезено во дворот на градинката и вратено од родител во згрижувачката група.

Согласно ингеренциите на директорката на градинката, веднаш бил повикан стручниот тим, инволвираните вработени и раководителката на објектот. Следствено на извршениот разговор веднаш на вработената негователка од групата каде престојувало детето и е издадена писмена опомена, а веќе е формирана и Комисија за утврдување на дисциплинска одговорност за инволвираните вработени и одговорни за згрижување на детето, стои во одговорот на надлежното министерство.