Општина Илинден изврши целосна реконструкција на детското игралиште во населеното место Кадино.
Станува збор за детско инклузивно игралиште на кое е поставена околу 300м2 гумирана подлога, видео надзор, детски реквизити, нишалки, лизгалки, клупи, канти за отпадоци за почиста и поубава средина, како и нова заштитна ограда.
Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски го посети детското инклузивно игралиште и истакна дека, Општината работи на изградба и реконструкција на детски игралишта, со цел најмладите жители од сите населени места да добијат убаво и безбедно место за игра и забава, каде ќе можат да го поминуваат слободното време.
Градоначалникот Георгиевски упати голема благодарност до општествено одговорните компании, кои освен Општина Илинден и тие учествуваа во дел од реконструкцијата на ова детско инклузивно игралиште.