четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Дијана Илиевска од ВМРО-ДПМНЕ е нов претседател на Советот на Општина Гази Баба

Дијана Илиевска од ВМРО-ДПМНЕ е нов претседател на Советот на Општина Гази Баба

Денес во просториите на Општина Гази Баба се оддржа конститутивна седница на Советот на Општина Гази Баба на која за претседател на Советот е избрана Дијана Илиевска од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија.

На конститутивната седница се обрати и градоначалникот на Општина Гази Баба Бобан Стефковски кој во своето обраќање истакна:

– Неодамна се одбележаа 45 години од формирањето на Општина Гази Баба. Во моето обраќање на свечената академија порачав дека е време за нов почеток и повикав на заедничко обединување. Новиот почеток, обединувањето и подавањето рака е насочено кон секој советник во Советот на Општина Гази Баба. Ве повикувам да ги надминеме сите разлики кои постојат и заедно да ја менуваме Општина Гази Баба на подобро. Во оваа прилика сакам да најавам дека оваа година Општина Гази Баба ќе спроведе нов концепт на пишување на буџетот на општината. Новиот концепт значи граѓаните на Општина Гази Баба да го имаат последниот збор за тоа како и за што ќе се трошат нивните пари, бидејќи буџетот го полнат граѓаните.