четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Доделени првите Решенија на граѓани за субвенции на инвертер клими или соларни панели во општина Илинден

Доделени првите Решенија на граѓани за субвенции на инвертер клими или соларни панели во општина Илинден

Во просториите на Општина Илинден, Градоначалникот Александар Георгиевски ги додели првите Решенија на граѓаните кои имаа поднесено барање за добивање еднократна парична помош за купување инвертер клими или соларни панели.

Како што истакна градоначалникот, Александар Георгиевски целта е да се стимулираат граѓаните на општина Илинден (домаќинствата) за употреба на високоефикасни инвертер клима уреди за затоплување на своите домови, кои се поекономични, енергетски поефикасни и еколошки прифатливи за околината.

Оваа мерка е дел од Програмата за финансиска поддршка на целни групи граѓани на Општина Илинден за 2023 година. Износот кој го доделува Општината како финансиска помош изнесува 50% од сумата за која е купена инвертер климата или соларниот панел, односно до максимум 10.000,00 денари по производ.

Грижата и поддршката за граѓаните е секогаш приоритет на Општина Илинден, така што истата ќе продолжи и во наредниот период со доделување на субвенции.