Хлорирање како дел од реконструкција и замена на водоводни цевки пред воопшто да се постигне договор да се заменат истите, па потоа да се хлорира водата.
Ова го правеле градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов и директорот на Водовод, Душко Весковски.
Изведување на работи пред постигнат договор е криминал, коментирааат правниците.
За што точно станува збор? Улица „Варшавска“ во Карпош во текот на 2020 година на големо се реконструира, се прави доградба и замена на водоводни цевки. Сето тоа се изведува пред склучениот Договор за изведување на овие работи или истиот датира од 9-ти октомври 2020 година, а изведувањето на работите стартува пред потпишување на истиот.
Конкретно, на 28-ми септември 2020 година поднесен е Евидентен лист бр 1303-2498/1 за објект реконструкција на водовод по дел на улица „Варшавска“ каде инвеститор е ЈП Водовод, а изведувач фирмата КОДИНГ или дека мрежата може да се хлорира. По ова на 29-ти септември извршено е и хлорирање на улицата Варшавска. Значи пред да се склучи Договор со фирмата започнати се работите на дел од улица Варшавска.
Се поставува прашањето како фирмата изведувач знае дека ќе ја добие работата и истата ја започнува неколку месеци пред потпишување на договор. Ова е само доказ за криминал на двоецот Петре Шилегов како граданочалник на Скопје и Душко Весковски како директор на Водовод.
Правниците толкуваат дека е очигледно оти станува збор за наместен тендер од страна на Шилегов – Весковски.
За истиот одговор треба да даде јавното обвинителство, односно да отворат случај за да го истражат до крај и да понесе некој одговорност за овој сериозен криминален предмет кој што се случи во јавното претпријатие Водовод.
За овој случај ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривична пријава.
„Доволно е крадење од парите на граѓаните, доволно е испумпување од јавните претпријатија пари од страна на власта и СДСМ. И конечно некој треба да сноси одговорност во однос на сите овие пари кои што секојдневно се проневеруваат од страна на власта“, рече деновиве на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски обелоденувајќи дека е поднесена кривична пријава.