недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Дојава за бомба во ЈСП

Дојава за бомба во ЈСП

Дојава за бомба добиле во Јавното сообраќајно претпријатие рано утринава, дознава Курир.

Според нашите информации, пријавата била во раните утрински часови. Неофицијално, пријава пристигнала преку електронска пошта. На вработените не им е дозволено да дојдат до своите работни места до целосна проверка на просторот.

Извори од лице место велат дека екипи на Министерството за внатрешни работи се веќе на терен.

Курир побара повеќе информации од МВР кои ги очекуваме наскоро.

Инаку, вработените на ЈСП за денеска најавија протест поради неисплатени плати.

 

Повлечени сите автобуси на ЈСП

„Поставена бомба во автобус, ќе експлодира за протестите“, приведен вработен во ЈСП

СЕ ОГЛАСИ И ЈСП: Еве што велат од претпријатието по дојавата за бомба