сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Дополнителни автобуси за Задушница во петок – ова мора да го прочитате доколку го користите јавниот превоз

Дополнителни автобуси за Задушница во петок – ова мора да го прочитате доколку го користите јавниот превоз
илустрација

Ве информираме дека поради верскиот празник Задушница, во петок (10.06.2022 година) јавниот превоз ќе сообраќа по саботен возен ред.

Во петок, сабота (11.06.2022 год) и недела (12.06.2022 год) на линиите 59 (Карпош3-Кучевишка бара-Гробишта Бутел), 59А (Ново Лисиче-Гробишта Бутел) и 59Б (Кисела Вода-Гробишта Бутел) ќе сообраќаат дополнителен број автобуси.

Распоредот на возниот ред е достапен на веб страницата на ЈСП Скопје (www.jsp.com.mk).