среда, 3. јануари 2024. Вести денес: 0
home Скопје

Дводневен посебен режим на сообраќај на подрачјето на Скопје

Дводневен посебен режим на сообраќај на подрачјето на Скопје

Поради официјална посета на странска делегација на Република Македонија, денеска и утре Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на поширокото подрачје на градот Скопје.

За таа цел, како што соопштија од МВР, се апелира до граѓаните – учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои што ќе ги издаваат полициските службеници.