Дворот на основното училиште „Рајко Жинзифов“ во Драчево се распаѓа. Скршени бекатон плочки, тартан стаза, кош… Ѓубре и смет на сите страни… Ова е сликата на местото каде учениците треба да се забавуваат и рекреираат за време на училишниот одмор.
Граѓаните реагираат и велат дека училиштето буквано се распаѓа, а градоначалникот Филип Темелковски и општина Кисела Вода не водат никаква грижа.