сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Екипите на ЈП „Улици и патишта“ ги обележуваат такси постојките низ градот

Екипите на ЈП „Улици и патишта“ ги обележуваат такси постојките низ градот

По налог на Градот екипите на ЈП „Улици и патишта“ деновиве ги обележуваа такси постојките на градските улици и булевари.

Со цел зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот поставуваа заштитни столпчиња на улицата Димитрие Чуповски, а на булеварот Србија извршија асфалтирање на дел од површината на пешачката и велосипедската патека.

На повеќе улици и булевари низ градот екипите на ЈП „Улици и патишта“ вршеа санација на бекатон плочите на тротоарите и ја обновуваа вертикалната сигнализација.