вторник, 5. март 2024. Вести денес: 0
home Скопје

Еколошка акција во Парк шумата Гази Баба

Еколошка акција во Парк шумата Гази Баба

Општина Гази Баба во соработка со Амбасадата на Република Словенија во Република Македонија денес ја реализираше еколошката акција “Пријателство со природата” во рамки на која се изврши чистење на Парк шумата Гази Баба.

На еколошката акција учествуваше и градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски, кој за истата информираше на својата официјална фејсбук страна на која напиша:

– Се реализираше еколошката акција за чистење на Парк шумата Гази Баба под мотото “Пријателство со природата”. Денес, општина Гази Баба во соработка со амбасадата на Република Словенија во Република Македонија ја реализираше еколошката акција за чистење на Парк шумата Гази Баба под мотото “Пријателство со природата” Оваа акција се организира во рамки на активностите кои ги организира општина Гази Баба по повод Меѓународниот ден за заштита на животната средина. На еколошката акција учество земаа и претседателот на Советот, членови на Советот, вработени во општинската администрација, преставници на амбасадата на Република Словенија, ученици од општинските основни училишна и граѓани. Заштитата на животната средина останува приоритет за општина Гази Баба, напиша Стефковски.