четврток, 7. март 2024. Вести денес: 0
home Скопје

Формиран локалниот совет за превенција на општина Аеродром

Формиран локалниот совет за превенција на општина Аеродром

Во просториите на Советот на Општина Аеродром се одржа првата конститутивна седница на која беше формиран Локален совет за превенција на Општина Аеродром. Основна и примарна цел на советот е преземање активности и креирање политики за подигнување на јавната безбедност на жителите на Општина Аеродром.

На првиот конститутивен состанок на советот присуствуваше градоначалникот Тимчо Муцунски, како и претставници од Министерството за внатрешни работи-ПС Аеродром, Министерство за транспорт и врски, Дирекција за заштита и спасување и Воена академија.

На состанокот беше нагласена потребата од континуирано преземање мерки и активност за подигнување на безбедноста во Општината, како и лоцирање и изнаоѓање решенија за најважните проблеми со кои се соочуваат граѓаните на Аеродром.

Локалниот совет за безбедност преставува тело каде ќе се предлагаат и дискутираат активност за подобрување на безбедноста на граѓаните во Аеродром. Тој е од огромно значење за жителите на општината и има пред се превентивна улога.

Креирање на безбедни средини за живеење е еден од приоритети на општинската администрација и иднина планирано е учество во ова тело со свои предлози и сугестии да учествуваат и граѓаните на Општина Аеродром.