среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

ФОТО: Без струја дел од Клиничкиот центар во Скопје, пациенти во темница чекаат по ходници

ФОТО: Без струја дел од Клиничкиот центар во Скопје, пациенти во темница чекаат по ходници

Утрово Универзитетската клиника за кардиологија при Клиничкиот Центар „Мајка Тереза“ остана без струја. За тоа сведочат фотографиите кои беа испратени до Курир. Како што може да се види од самите фотографии, пациенти чекаат во темница по ходниците завиткани во јакни и ќебиња. Ваквата ситуација е недозволива во една здравствена институција, особено на минусни температури.

Редакцијата на Курир провери дали претходно имало најава за прекин на електрична енергија во овој дел, но не наиде на никакво известување од страна на ЕВН.