недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

ФОТО: Гасификација на општина Илинден

ФОТО: Гасификација на општина Илинден

Гасификацијата на општина Илинден како капитален проект е еден од приоритетите во работењето на локалната самоуправа. Во рамките на проектот Воспоставување на гасификациски систем, воведување на гасификација на стопанските објекти, во тек е реализацијата на втората фаза од овој проект во должина од 3500 метри, од локалната економска зона Марино-Кадино до локалната економска зона Ограѓа.

Веќе е завршена првата фаза од проектот, односно изградбата на гасовод „Приклучна делница 17б” во должина од 2400 метри од Технолошко индустриската развојна зона (ТИРЗ) до локалната економска зона Марино-Кадино.

Градоначалникот Жика Стојановски кој на самото место се запозна со текот на градежните активности истакна дека реализацијата на овој проект има за цел воведување на инсталации за стопански објекти во локалните економски зони во Општината со цел да се овозможи користење на гасот како енергетски ресурс. Тој додаде дека гасификацијата ќе донесе намалување на трошоците за енергија и намалени емисии на штетните гасови во воздухот.

Според експертите од областа на енергетската ефикасност употребата на гасот ќе придонесе за многу почист воздух и дека не постои друга алтернатива. Затоа, веројатно многу брзо, покрај компаниите благодетите од овој енергенс ќе можат да ги почувствуваат и домаќинствата.