вторник, 21. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

ФОТО: Избувна пожар во автобус на ЈСП во Нерези

ФОТО: Избувна пожар во автобус на ЈСП во Нерези

Во претпладневните часови на последната автобуска станица во населбата Нерези избувна пожар во автобус број 57.

Командирот на противпожарната бригада Скопје, Ѕвонко Томевски во изјава за Курир вели дека пријавата кај нив била во 12 часот.

-Пожарот е пријавен во автобус на ЈСП на улица „Козле“. Во моментот автобусот бил празен без патници, само што се паркирал. Пожарот избувнал во делот кај што се наоѓа моторот и има само материјална штета. Повредени лица нема. Интервернирано е со едно противпожарно возило и 4 пожарникари, вели Томевски за Курир.

Нашата редакција стапи во контакт и со МВР.

– Настанал пожар во автобус, пожарот е изгаснат. До сега немаме пријава за повредени лица, доколку имаме повеќе детали подоцна ќе ве информираме, изјавија од МВР за Курир.

Редакцијата на КУРИР контактираше со одговорните лица ЈСП кои наскоро ќе споделат повеќе детали околу овој настан.