Пак пропадна камион во фонтаната на Плоштадот Макадонија во Скопје.
Од утрово, на Плоштадот се поставува бина и шатори за фестивалот на пивото „Пиволенд“ кој го организира Град Скопје. Еден од камионите кој носеше опрема пропадна и фонтаната сега повторно е искршена и оштетена.
Од Град Скопје велат дека приватен субјект со камион без дозвола неовластено влегол на плоштадот „Македонија“, по што е причинета штета на плочникот.
Град Скопје остро го осудува овој чин и најави дека ќе ги преземе сите законски мерки за извршување на инспекциски надзор и за санкционирање. За причинетата штета врз јавните добра на плоштадот, како што се наведува, ќе се бара надомест на штета.
-Ваквото однесување од страна на поединци е недозволиво и за тоа ќе се спроведат најстроги санкции, се вели во соопштението од Град Скопје.