понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

ФОТО КУРИР: Со автомобил на тартан патеката во Градски парк, МВР молчи

ФОТО КУРИР: Со автомобил на тартан патеката во Градски парк, МВР молчи

Тартан патеката која се наоѓа во градскиот парк во Скопје служи за рекреација на скопјани.

Но по се изгледа овој скопјанец таа рекреација не ја сфатил како што треба.

Имено фоторепортерот на КУРИР кој во тој момент ја користел патеката за трчање, не очекувал дека истата некој ќе сака да ја користи  за возење автомобил.

Градскиот парк во Скопје кој е затворен за движење на автомобили, освен за градските власта како комуналното претпријатие треба да биде безбедна површина на која скопјани ќе можат слободно и безбедно да се движат.

Овој скопјанец тоа не го почитувал па решил со својот автомобил да се повози низ паркот. Ова не е прв ваков случај, секојдневно низ градскиот парк се наоѓа по некој „мангуп“ кој со автомобилот сака да ги плаши граѓаните кои истиот го користат за одмор и рекреација.

Министерството за внатрешни работи за ваквиоте случаи до сега не преземало ништо, иако сведоци сме на зголеменото полициско присуство во градскиот парк во Скопје.

Па затоа прашуваме: Дали треба да се случи некаков инцидент па тогаш МВР да почне да ги казнува ваквите мангупи кои среде бел ден возат автмобили на места каде е строго забрането?