Иако тагашниот кандидат на власта а сега веќе градоначалник на скопската општина Карпош Стефан Богоев, најавуваже засилена борба како што своевремено велеше со урбаната мафија, тоа никако не го направи.
Овие фотографии не се од Бејрут,туку од општина со која ракорводи токму Богоев.
Фотографиите до нашата редакција пристигнаа од револтирани граѓани, кои што се разочарани од рботата на нивниот градоначалник.
Имено, токму Богоев во предизборието на жителите на оваа општина им ветувал брда и долини, но еве речиси на крајот на неговиот мандат и речиси ништо и да не направил за жителите на општината.
И покрај тоа што ветуваше борба со наводната урбана мафија, токму истиот Богоев дели дозволи за градба кај што ќе стигне.
Овие фотографии се направени во општина Карпош, односно на улица Багдатска. Како што може да се забележи од самите фотографии одалеченоста на двете соседни згради е речиси еден метар, букфално соседите од двете соседни згради утринското кафе и низ муабет можат да си го пијат заедно на тераса.
Револтираните граѓани велат дека Богоев ги излажал и дека доколку повторно се кандидира за градоначалник нема да ја добие довербата на Карпошани.