По силното невреме што попладнево го зафати Аеродром, при што беше причинета материјална штета на повеќе локации низ општината, градоначалникот Тимчо Муцунски заедно со општинските служби веднаш излегоа на терен и ги посетија жителите кои претрпеа најголеми штети во временската непогода.
Граѓаните можат да бидат сигурни дека имаат вистински партнер во Општина Аеродром, а нашите служби работат со сите засегнати страни на што побрзо санирање на штетите.
Остануваме на терен сѐ додека е потребно и додека не бидат отстранети сите опасности за граѓаните.