Откако претходно објавивме дека силниот ветер откорнал кров во Мичурин, сега пристигнува нова информација дека е направена штета и во Карпош 4.
Ветерот предизвикал дрво да падне на улица Желево при што се оштетени кабли и е прекинат сообраќајот. Од општина Карпош велат дека за среќа не е причинета друга несреќа.
– Службите веднаш излегоа и го расчистија теренот, велат од општина Карпош.