Градоначалникот на Општина Гази Баба Бобан Стефковски, денес 21.11.2021 година (недела) направи увид на градежните работи за асфалтирање на улица 5 во населеното место Трубарево.
Оваа улица со години беше оставена во лоши услови.
За асфалтирањето, градоначалникот Стефковски објави на својата официјална фејсбук страна, на која напиша:
-Убавото време носи реализација на нов проект‼️
Граѓаните од улица 5 во Трубарево повеќе нема да газат во кал.
Со ова се реализира уште едно ветување кое го дадов пред граѓаните.
Чекор по чекор, Гази Баба се гради и менува, пишува Стефковски во својата објава.