Градоначалникот на Гази Баба вечерва на терен откако до него пристигна информацијата за голем пожар во неговата општина.
Тој по овој повод и немил настан сподели и статус на Фејсбук:
„По информацијата дека има активен пожар на територија на Гази Баба, веднаш излегов на терен.
👉Доцна вечерва домовите на семејствата Марковски од населеното место Гоце Делчев ги зафати силен пожар. За среќа членовите на семејствата брзо се евакуирале и нема повредени.
👩🚒Благодарение на брзата реакција на Противпожарна бригада на Град Скопје пожарот беше за кратко време ставен под контрола и се спречи истиот да се прошири во останатите домови, бидејќи се наоѓаат во густо населена средина.
📍Како градоначалник понудив помош за сместување на семејствата кои останаа без свој дом, а утре комисија од општината ќе излезе на терен со цел отпочнување на постапка за финансиска помош.
👏Им благодарам на вработените во Противпожарната бригада на Градот Скопје за брзата реакција и нивната пожртвуваност и силна борба со огнените стихии“, стои во неговиот пост на Фејсбук.