Иако е забрането, автомобил Бентли завчера влезе на плоштадот. Од снимките можеше да се забележи дека граѓаните кои дошле да ја видат предновогодишната атмосфера, мораа да се тргаат за автомобилот да помине. По многубројните реакции од страна на граѓаните, полицијата го казнила со САМО 45 евра за сторен сообраќаен прекршок.
Денеска на плоштадот „Македонија“ во Скопје, на истото место каде што помина автомобилот со марка „Бентли“, оставена е играчка автомобил и до нејзе парола на која пишува „Возење низ плоштад за 45 евра – плаќа Петре Шилегов“.