Она што мене ми сметало и било нетранспарентноста на општината и тоа планираме да го смениме во наредните четири години, дециден е Орце Ѓорѓиевски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Кисела Вода, во вечерашното предизборно телевизиско соочување на дебата на Македонската телевизија.
Ѓорѓиевски вели дека прво што ќе се смени во општината е нејзината транспарентност укажувајќи дека сите јавни набавки ќе бидат јавно достапни за сите граѓани, додавајќи дека тој е човек без хипотеки и нема да штити никој без разлика на која политичка партија припаѓа.
-Јас можам да тврдам од аспект на иден градоначалник на општина Кисела Вода дека секоја постапка ќе биде јавна и транспарентна и тука нема да биде штитен интересот на било кој, без разлика дали е тој од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ или било кого. Јас сум човек без хипотеки кој што со чист образ влегувам во оваа работа. И јас не планирам утре никого да штитам, затоа што за четири години мој интерес ќе биде исклучиво подобрување на условите за живот на граѓаните на општина Кисела Вода.Јас ќе спроведам ревизија заедно со нашиот тим на цел период на владеење од четири години на СДСМ, но и на ВМРО-ДПМНЕ. Кој се огрешил во минатото пред законот, јас сум за тоа да одговора и тука нема штитење на никого, додаде тој.
Во однос на Расадник, Ѓорѓиевски нагласи, дека Темелковски секоја емисија ги менува изјавите по однос на оваа прашање, додавајќи дека и покрај тоа што кажувал дека не може да се направат промени на одлуките во минатото, Темелковски направил промена во ДУП-от односно како што рече тој тоа е доказ кога Темелковски нечии интерес да штити тогаш може, а кога се граѓаните во прашање, тогаш виновни се одлуките од минатото.
-Планот за Расадник вие господине Темелковски не го поминавте исклучиво од една причина а тоа беше од преголемиот притисок а јавноста и од нашата советничка група. Дополнително вие таму предвидувате 99 згради кои што од емисија во емисија мутира вашиот исказ, па денеска дојде момент да кажете дека и висината ја знаевте, а емисија претходно тврдевте дека не знаете што се предвидува таму. Значи да таму предвидувате 99 згради, предвидувате за разлика од минатото 270 илјади квадрати дополнително бруто површина за градба делот кој што постојано цел изминат период тврдите дека она што се случувало во минатото било лошо, да се сложувам за одредени одлуки и тврдам дека е лошо, но овде има измена и дополна на Ј13 ДУП-от, знаете каде се наоѓа велите дека не може да се промени состојбата од минатото, сигурно мислите и за овој дел. Еве овде сте имале интерес па сте пробале да ја промените состојбата, што значи дека од минатото состојбите и донесените ДУП-ови сте можеле да ги промените, ама најверојатно сте немале интерес таму, рече Ѓорѓиевски и додаде:
„Ова е одлука за јавна дебата и имаме стара состојба каде што се предвидени 5ката, приземје 7ката и поткровје, а во новата состојба која што одговара да ја промените предвидувате приземје 9ката и поткровје. Што значи Темелковски ова е само уште еден доказ кога сакате вие нечии личен интерес да го заштитите и вие од сето тоа да имате бенефиции и од сето тоа може да се направи измена, а кога станува збор за интересот на граѓаните ќе кажувате дека минатото е виновно и не може измени да се направат“.