Комуналните служби на Општина Аеродром деновиве спроведуваат голема акција за темелно чистење на Трговскиот центар во Лисиче и неколку други локации низ населбата.
-Се чистат сите делови на трговскиот, а најмногу се загадени премините меѓу дуќаните, каде што со години се трупало ѓубре, кое покрај грдата слика, со неговото распаѓање создаваше и непријатна миризба. Општина Аеродром истовремено упатува апел до граѓаните да се однесуваат совесно кон јавните површини, да не се нанесува штета на околината и со тоа да се зачува просторот кој е секојдневие за многу граѓани и деца, велат од општината.
Од општината порачуваат: „Јавната чистота и хигиена ни се на прво место, се грижиме подеднакво за сите и ниту еден дел од Аеродром нема да биде запоставен“.