недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

ЃОРЧЕПЕТРОВЦИ ЌЕ ДОБИЈАТ НОВИ СПОРТСКИ КАПАЦИТЕТИ- благодарение на заложбата на Мисајловски и Стојаноски

ЃОРЧЕПЕТРОВЦИ ЌЕ ДОБИЈАТ НОВИ СПОРТСКИ КАПАЦИТЕТИ- благодарение на заложбата на Мисајловски и Стојаноски

ЃОРЧЕПЕТРОВЦИ ЌЕ ДОБИЈАТ НОВИ СПОРТСКИ КАПАЦИТЕТИ. Пратениците од Ѓорче Петров во Собранието на Република Македонија, Бојан Стојаноски и Владо Мисајловски, на лично моја иницијатива предложија амандман со кој побараа Владата да обезбеди 3 милиони денари за инфраструктура и изградба на нови спортски капацитети на територијата на општина Ѓорче Петров и истиот беше усвоен, информира градоначалникот Александар Стојкоски.

-Заложбата на Стојаноски и Мисајловски во однос на обезбедувањето на овие 3 милиони денари, значи дека тие како народни претставници во Собранието на Република Македонија, се борат исклучиво за подобар живот на граѓаните и подобри услови за развој на младите од Ѓорче Петров.
Со усвојувањето на овој амандман, можам со задоволство да кажам дека во нашата општина ќе се изградат нови спортски терени во основните училишта, со што учениците и жителите ќе имаат одлични услови за спорт и рекреација.
Ние како ѓорчепетровци сме должни да се бориме за нашите сограѓани, пријатели и роднини.
Само со упорна и чесна работа, можеме да придонесеме за развој на нашето Ѓорче.
Со срце за Ѓорче!