сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Град Скопје и екипите на ЈП „Улици и патишта“ го санираат оштетениот плочник на плоштадот Македонија

Град Скопје и екипите на ЈП „Улици и патишта“ го санираат оштетениот плочник на плоштадот Македонија

Градот Скопје во координација со екипите на ЈП „Улици и патишта“ деновиве врши санација на оштетениот плочник, односно санација на ситната коцка, каде што имало дефект од водовод, како и прередување на мермерните плочи околу фонтаната на плоштадот Македонија.

Продолжуваат и активностите за подготовка за асфалтирање на дел од пешачката и вело патеката, како и на ископот и поставувањето рабници на булеварот Србија.

Во Градски парк се врши санација и реконструкција на пешачки патеки и во тек е нивно асфалтирање.

На булеварот Гоце Делчев пред катната гаража Судска палата екипите продолжуваат со следната фаза на реконструкција на тротоарот и во тек е асфалтирање на постојната патека.

Во текот на наредните денови на крстосницата на булеварот Киро Глигоров пред ФОН ќе се изведуваат градежни работи за поставување темели за семафори.