Снегот како и минатата година и оваа ги изненади градските власти на Скопје, особено градоначалникот Петре Шилегов.
Вечерва жителите на скопско Сопиште преку социјалните мрежи бараат чистење на главниот пат за кој е надлежен градот Скопје.
Тие до нашата редакција испратија и видео на кое јасно се гледа дека власта не мрднала со прст, а снегот само се трупа.
Безбедноста на возачите и пешаците е загрозена, се жалат тие, погледнете.