На официјалната страна на Јавни набавки објавен е оглас за Ангажирање на агенција за обезбедување на услуги за привремени вработувања.
Имено, Град Скопје планира да потроши скоро 600.000 илјади денари за привремени вработувања.
Тоа се 9.000 илјади евра за вработување на партиски кадар. Медиумите открија шема за тоа како власта ги вработува своите партиски послушници без објавување на оглас. Имено, како е најлесно да вработите партиски кадар на СДСМ, а тоа да не биде на оглас ? Одговорот е многу едноставен. Прво ангажирајте го со договор на привремено вработување, па после 3 месеци вработете го со договор на неопределено, анализира Економски.мк.
Разликата помеѓу редовното вработување и она што е со привремено вработување е што секој што сака да се вработи во државната администрација треба прво да се пријави на оглас за чие одобрување треба да даде министерот за финансии и да се поминат сите филтри како интервју за работа и исполнување на одредени критериуми и стандарди.
Но кај оние со привремени вработувања доволно е да се ангажира Агенција за привремени вработувања, која оди во ставка “услуги“ на која ќе и се се исплати одреден надоместок за нејзината улога и толку. Други критериуми и квалификации не се потребни.
Додека се бркаат постоечките лица кои се на договор за привремени вработувања се вработуваат нови лица, кои се партиски кадри и партиски послушници.
Сегашната влада кога беше опозиција постојано зборуваше за пренатрупаност на администрацијата која е товар на буџетот додека сега се вработуваат партиски послушници и луѓе без соодветни квалификации во државните институции. Со ова се оптоварува буџетот додека со вработување на несоодветен кадар се намалува продуктивноста и ефективноста на институциите.
ИЗВОР-ЕКОНОМСКИ.МК