Градот Скопје се приклучува во кампањата „Мојот данок, за мојата општина!“ – До подобри општини, со навремено подмирување на данокот на имот, кој се реализира во соработка со Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД).
– Проектот има за цел да ја подигне јавната свеста за потребата и придобивките од навременото подмирување на данокот на имот со цел добивање на ефикасни и квалитетни услуги од единиците на локална самоуправа. Со навременото подмирување на данокот на имот, сите ние придонесуваме во за нашата општина да расте, се развива и модернизира. Со плаќањето на данок на имот се зајакнуваат финансиските капацитети на општините и овие средства се користат за капитални инвестиции, како што се изградба на градинки, училишта, комунална инфраструктура, паркови и други јавни добра, стои во соопштението на град Скопје.
Од таму велат дека Градот Скопје ги поддржува сите добри иницијативи и проекти кои ќе придонесат за финансиско зајакнување на општините, чија крајна цел е зголемување на квалитетот на услугите кои ги нудиме и подобрување на животот на нашите граѓани.
Видеата од кампањата „Мојот данок, за мојата општина!“ – До подобри општини, со навремено подмирување на данокот на имот можете да ги погледнете на следните интернет врски –
– https://www.youtube.com/watch?v=kV46872donQ&t=4s (на македонски јазик)
– https://www.youtube.com/watch?v=ODR4_3DNhuw (на албански јазик)
Дополнително градот Скопје доставуви пропаганден материјал на македонски и албански јазик.