Град Скопје склучи договор за новогодишно украсување на градот.
Договорот бил потпишан од поранешниот градоначалник Петре Шилегов со компанијата „Линк медиа плус“, која била единствената компанија која доставила понуда на јавниот повик кој беше објавен во септември.
Украсувањето ќе чини околу 243.000 евра.
„Украсување предвидува поставување централна новогодишна елка на Плоштадот Македонија и украсување на неколку други локации и улици. Украсувањето треба да е во духот на модерното време и живеење, со високи естетски, уметнички и ликовни ефекти, запазувајќи при тоа унифициран концепт на целиот простор. Новогодишното украсувањето треба да биде завршено до 20 ноември“, стои во договорот објавен на Бирото за јавни набавки.