вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Град Скопје утре ќе прска против комарци

Град Скопје утре ќе прска против комарци

Центарот за управување со кризи соопшти дека Град Скопје утре во раните утрински часови ќе прска против комарци.

-Од Град Скопје известуваат дека утре во раните утрински часови ќе се изврши првата фаза од авионската дезинсекција на подрачјето на Град Скопје, против ларви од комарци. Доколку временските услови не го дозволат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин, велат од ЦУК.