вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Град Скопје: Во првите 24 часа процесирани 51 барање од граѓаните преку [email protected]

Град Скопје: Во првите 24 часа процесирани 51 барање од граѓаните преку 24@skopje.gov.mk

Активно функционира електронската адреса за комуникација на Град Скопје со граѓаните [email protected] како дел од програмата за отворен град 24 часа. Во првите 24 часа до Градот се испрати 51 барање од граѓани и истите се процесирани од градската администрација.

-Преку новата електронска адреса, граѓаните пријавуваат проблеми и барања до Град Скопје, а најголем број од нивните пријави се однесуваат на проблеми поврзани со сообраќајот, инфраструктура, комунална хигиена, како и барања за поголема ажурност на секторските одделенија даноци, урбанизам и целокупната градска администрација. Голем дел од барањата на граѓаните се веќе решени, а преостанатите се во процес на решавање, соопштуваат од Градот.

Градот Скопје на овој начин овозможува подобри услуги за граѓаните, транспарентност во работата, преку целосно дигитализирана администрација која ќе биде во служба на граѓаните.