четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Градежна офанзива во општина Бутел

Градежна офанзива во општина Бутел

Во општина Бутел оваа година ќе се асвалтираат 35 улици, најави градоначалникот на општина Бутел Дарко Костовски.

-КАКО НИКОГАШ ДО СЕГА, ОВАА ГОДИНА ЌЕ АСФАЛТИРАМЕ 35 УЛИЦИ

Најавуваме голема градежна офанзифа во делот на уличната инфраструктура на територија на Општина Бутел. Одреден број на улици за прв пат ќе добијат асфалт, додека одреден број оштетени улици ќе бидат целосно реконструирани.

Убеден сум дека веќе докажвме наша врвна цел е интересот на граѓаните, затоа во оваа градежна офанзива ќе бидат опфатени улици во сите населени места. Со оваа динамика на работа во делот на уличната инфраструктура Општина Бутел до крајот на мојот мандат нема да има неасфалтирана улица, додека најголем број од оштетените улици ќе добијат нов асфалт.

Асфалтирањето ќе се одвива во две фази, првата ќе започне за многу скоро, втората веднаш кога ќе биде готова проектната документација која е во тек.

Реализараме повеќе од ветеното, пишува Костовски во својата објава на Фејсбук.